Архитектура

Неколку трикови со кои вашиот дом ќе изгледа модерно и луксузно

22. јануари 2020 - 11:38 | М.С.

За да го трансформирате вашиот дом од сосема обичен во луксузен и впечатлив, можат да ви помогнат неколку совети од дизајнерите на мебел и ентериер.

Променете го изгледот на кујната

Освежете ја вашата кујна со тоа што ќе ги замените застарените елементи во кујната со некои модерни и убави елементи.

Моментално, во мода е кујна од ламинат која е многу лесна за одржување, а дава сосема нова димензија на кујната.

Влезот во куќата треба да остави добар впечаток

Ходниците понекогаш знаат да остават добар впечаток, меѓутоа овие простории често знаат да останат незабележани.

Меѓутоа, со неколку едноставни промени може да го смените мислењето на гостите откако ќе влезат во вашиот дом.

Може да ставите необични ормани за чевли, како и поголемо огледало.

Освежете ја столаријата

Доколку имате дрвен мебел во дневната соба, прелакирајте го затоа што со тоа ќе добиете свеж и нов изглед. Освен тоа, во дневната соба може да поставите полици во бела боја кои во последно време се многу модерни, но и корисни.

На полиците може да наредите книги во разни бои, како и елегантни украси со кои ќе внесете топлина во дневната соба.

Инвестирајте во еден поскап дел од мебелот

Доколку сакате вашата куќа да изгледа луксузно, купете некој поскап дел од мебел во кој вреди да инвестирате.

Без разлика дали тоа ќе биде дизајнерска столица, трпезариска маса или тепих.

Покажете ја вашата креативност

Многу предмети во вашите простории може да ги освежите со креативни идеи. Омилените чинии-керамички и стаклени, може да ги избоите или да нацртате нешто на нив за да бидат уникатни и како украси.

Играјте се со материјалите

Користете посветла нијанса со која ќе ја комбинирате потемната боја. Може да го тапацирате мебелот доколку е оштетен.