Неколку работи што можеме да ги научиме од финскиот образовен систем

Финците успешно ги едуцираат децата без задачи и со помалку лекции. Како им успева тоа?

Многумина се прашуваат како учениците во Финска успеваат да постигнат подобри резултати од другите деца, иако немаат домашни задачи и посетуваат помалку часови. Ова особено е важно за родителите кои се соочуваат со сè поголемиот притисок на децата во училиште, пишува BBC.

Една од најфасцинантните работи е што во училиштата во Финска учениците имаат помалку училишни часови отколку во другите земји, кои се дел од Организацијата за економска соработка и развој (OECD). Интересно е што учениците имаат долги летни распусти, што траат од 10 до 11 недели, а првачињата се запишуваат откако ќе наполнат 7 години. Во Финска не постои систем на дополнителни приватни часови, односно децата не се ставаат во позиција да имаат долги часови и многу домашни задачи. Целта е по училиште децата да имаат време за други активности.

Многу се инвестира и во квалитетот на наставниците, како и довербата меѓу родителите и наставниците. Да се биде наставник во Финска е една од најпочитуваните професии, а наставниците имаат голема независност во својата професионална работа.

За да постои ваков едукативен систем во едно општество тоа треба да биде многу напредно. Успехот во Финска се должи на многу реформи од 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Станува збор за долгорочен пристап на политиката на образование, плановите остануваат на сила долго време со што им се дава можност да функционираат.

Само за споредба, учениците во Англија во просек годишно имаат 150 часа повеќе од децата во Финска. Друг интересен факт е што училиштата во Финска ги охрабруваат учениците да бидат независни кога размислуваат, учат и истражуваат.

 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе