Љубов и секс
Дури и кога тоа е лошо за нас

Неколку причини зошто се враќаме на поранешните партнери

25. февруари 2020 - 14:59 | М.С.

Постои изреката дека љубовта е слепа. Сепак, колкупати треба да направиме нешто пред да ја научиме лекцијата? Еве неколку причини зошто се враќаме на поранешните партнери.

Полесно ви е бидејќи ги познавате

Враќањето на поранешниот партнер е најлесната работа која може да ја направите. Важиот партнер ги знае вашите желби, навики или маани, па се враќате на она што веќе го познавате.

Навикнати сме на она што може да ни се случи со него/неа, па нема да се изненадиме. Го знаете и фактот дека повторно ќе бидете повредени, но се однесувате како да немате проблем со тоа.

Осаменоста е тешка

Раскинувањето не е едноставен процес. Одеднаш останувате сами, а личноста којашто секогаш ви била рамо за плачење повеќе не е до вас.

Постојано се сомневате во одлуката која сте ја донеле, размислувајќи за вашите среќни и убави моменти и работите кои вашиот партнер ги направил за вас, занемарувајќи ги лошите работи и причината за раскинување.

Сè уште имате емоции кон таа личност

Раскинувањето е драматичен и тежок период. Ефектите од раскинувањето можат да траат поголго време – додека да го преболите партнерот или додека да му се вратите.

Кога сте оддалечени од партнерот ги идеализирате убавите спомени и ги занемарувате лошите. Ги поттиснувате негативните чувства за да се заштитите од трауми.

„Овојпат нема да е исто“

Оваа изрека е најлошото нешто во кое може да се убедите. Го знаете вашиот партнер, и длабоко во себе знаете дека нема да се промени, а сепак му се враќате одново и одново иако знаете дека ќе бидете повредени, но ги занемарувате внатрешните предупредувања.