Филм & ТВ

Некогаш и сега: Знаете ли како изгледа денес палавиот Денис?

5. декември 2019 - 14:14 | Б.С.Б.

Американската комедија „Dennis the Menace“ од 1993 година ги следи авантурите на палавиот Денис (Мејсон Гембл). Малиот Денис сакајќи да се спријатели со непријатниот сосед господин Вилсон всушност го тероризира и тоа на многу симпатичен начин.

Палавиот Денис е еден од омилените ликови од стрипот на Хенк Кечам, а пред 26 години ликовите од стрипот оживеаја во екранизацијата на истоимениот филм. Денис Мичел е момчето кое постојано го нервира господинот Вилсон, а децата ги насмејува до солзи.

Токму улогата на слатко, палаво момче го одбележи животот на Мејсон Гембл, кој за неа ја доби наградата Youth in Film, а беше номиниран за наградата Златна малина за најлош актер-почетник. На аудицијата од 20.000 деца токму Мејсон ја доби улогата на палавкото Денис.

Филмот доживеа успех на бокс-офисот и покрај негативните критики од филмските критичари.

Денес, поранешниот актер има 33 години. Во 2006 година работеше на серијата „CSI: Miami“ и на филмската адаптација на романот „Golf in the Kingdom“.