Негативен резултатот на сомнителната пациентка со корона вирус

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани на Инфективната клиника во Скопје, по утврдениот прв пациент со овој вирус.

– И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот Covid-19, соопшти Министерството за здравство.

Претходно, ресорниот министер Венко Филипче изјави дека тестираната пациентка со сопругот била на патување во Рим и имала симпотоми слични на грип. Првиниот тест бил парцијално позитивен што, според Филипче, можело да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се направило дополнително тестирање за да се отстранат сомнежите.

Другиот тестиран пациент кај кој исто така резултатот е негативен е возач на камион кој патувал преку северна Италија.

Пациентката, пак, кај која беше потврден корона вирус се чувствува добро и нема посериозни компликации. Во текот на ноќта епидемиолози ги посетиле сите девет патници кои биле во комбето со пациентката со корона вирусот на пет локации, две во Скопје и три во Струмица.

-Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлање на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Во меѓувреме, Владата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето .

На тој начин ќе се соберат релевантните информации и ќе им се даде соодветен совет во зависност од ситуацијата. Во случај на појава на симптоми лицата да се јават на телефонските броеви:

• ЦЈЗ Битола 071/261-330

• ЦЈЗ Велес 071/219-278

• ПЕ Гевгелија 078/545-444

• ЦЈЗ Кочани 071/373913

• ЦЈЗ Куманово 070/215-851

• ЦЈЗ Охрид 070/723-029

• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747

• ЦЈЗ Скопје 071/289-614

• ЦЈЗ Струмица 072/235-543

• ЦЈЗ Тетово 075/240-464

• ПЕ Гостивар 076/365-161

• ЦЈЗ Штип 078/365-613

• ИЈЗ Скопје 078/387-194

• ЗД Ало докторе 02/15-123

– Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата, соопшти Министерството за здравство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе