Небесен огномет: Експлозија на метеор го осветли небото над Аризона

Ранобудците во Аризона имаа можност утринава да сведочат на така наречен небесен огномет кога метеор што минуваше покрај Земјата спектакуларно го осветли небото.

Снимките од очевидците и надзорните камери прикажуваат како овој метеор експлодираше во лет. Сепак, за овој небесен спектакл сведочеа и љубителите на астрономијата во други делови на Америка, но и на светот. Спектаклот можеше да се види во Јужна Каролина, Јута и од делови на Европа.

Видеото е објавено од Американското метеорско друштво.