Не е фотошоп: Најден стар албум со приватни фотографии од славни личности

Во second hand продавница во Белгија беше најден необичен албум со фотографии. На секоја од нив една жена позира со сите ѕвезди од Холивуд и пошироко. Откако неколку фотографии беа објавени на интернет, корисниците на социјалните мрежи успеаја да дознаат која е жената која позира со Џони Деп, Анџелина Џоли, Брус Вилис, Лук Пери...

Дознаа дека станува збор за Марија Снојс-Лаглер, поранешна членка на Hollywood Foreign Press Association (HFPA). Асоцијацијата има 90-тина членови во 55 земји.

Фотографиите се речиси неверојатни и е вистинско чудо како албумот завршил во second hand продавница.