НБА: Победа за Кливленд, Кралот ги презема работите во свои раце

Рано утрово по наше време заврши шестиот натпревар од финалната серија на Источната конференција, каде силите ги одмерија екипите на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс. Домашниот тим славеше пред публиката во Кливленд, а импресивна вечер имаше Леброн Џејмс, кој го предводеше тимот како и во текот на целата сезона.

Тимот на Кливленд Кавалирс оствари победа против Бостон Селтикс со резултат 109:99 и со тоа стигна до израмнување на серијата на 3-3. Седмиот натпревар ќе се игра во Бостон.

Кралот на кошарката уште една го оправда овој епитет со претстава која навивачите сакаа да ја видат од него. Мечот го заврши со 46 поени, 11 скока и 9 асистенции, а посебно импресивен беше неговиот учинок од зад линијата за три поени, од каде шутираше 5/7 за 71,4% успешност. Сите останати играчи од стартната петорка постигнаа 27 поени, од кои Џорџ Хил придонесе за 20 од нив. Двоцифрени беа уште Џеф Грин (14) и Лери Ненс Џр. (10), кои влегоа од клупата.

Составот на Селтикс не може да пронајде одговор за Леброн Џејмс кога натпреварите се играат во Кливленд, но добра вест за нив е дека сепак успеваат добро да се справат со него кога се игра во Бостон. Синоќа најефикасен беше Тери Розиер со 28 поени, додека Џејлен Браун постигна еден поен помалку. Лоша претстава под кошевите имаа Ал Хорфорд и Арон Бејнс, кои заедно фатија 13 скока, а Бејнс воопшто не постигна поени.

Следниот натпревар се игра во понеделник во 2:30 по полноќ и тогаш домаќин ќе биде тимот на Бостон Селтикс. Кој и да победи во седмиот натпревар ќе оди на двобој со победникот од серијата помеѓу Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе