Научно докажани начини како да ослабете без диета

Губењето вишок килограми е нешто со кое многумина се соочуваат и тоа веројатно не е една од работите со кои сакате да се борите бидејќи е поврзано со напорни диети и редовно вежбање.

Но, постојат различни трикови и совети со чија помош може да ги намалите килограмите без да се изложите на строги диети, пишува Bright Side.

1. Јадете лута храна

Научниците досега имаат докажано дека зачинетите сосови го забрзуваат метаболизмот и спречуваат да јадете нешто солено или слатко. Се препорачува да ги јадете оброците со топли сосови или зачини. Може да додадете малку чили во јајцата, тестенините, оризот или да послужите месо со лут сос.

2. Внимателно бирајте во што ќе ја послужите храната

Истражувачите докажале дека ако бојата на вашата чинија е иста со јадењето веројатно ќе јадете повеќе отколку ако боите се контрастни.

Ако може да одберете боја, одберете сини чинии, оваа боја се смета за најсоодветна бидејќи производите како риба, месо и зеленчук се со различни бои. Овој едноставен трик би требало да го намали вашиот апетит.

3. Секојдневно јадете цимет

Циметот може да го намали гладот и апетитот ако секојдневно го употребувате. Истражувањата покажале дека го контролира метаболизмот. Испитаниците кои јаделе пудинг со цимет подолго време биле сити за разлика од испитаниците кои јаделе пудинг без зачинот.

4. Правете аеробни вежби

Различни истражувања покажуваат дека аеробните активности како трчање и пливање се најдобри ако сакате да ослабете.

5. Консумирајте повеќе млечни производи

Различни студии докажуваат дека млечните производи помагаат во губењето килограми. Истражувачите заклучиле дека луѓето кои јадат млечни производи три пати на ден губат тежина побрзо од оние кои не консумираат.

6. Јадете повеќе грав и мешунки

Научниците докажале дека консумирањето на 130 грама грав го намалува апетитот и помага да изгубите 0,3 килограми во шест недели. Покрај тоа, гравот и леќата содржат голема количина протеини и влакна, а јаглехидратите во нив не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта брзо како и јаглехидратите во лебот.

Луѓето кои не се навикнати на ваква исхрана мора да почнат со мали количини, додадете грав во супата или јадете грав наместо ориз и компир.

7. Првин изедете ја супата

Обидете се да јадете нискокалорична супа пред оброкот и оваа навика ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми. Истражувањата покажуваат дека консумирањето супа пред главниот оброк ја намалува количината на калории кои ги консумирате.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе