Научниците снимија морничави звуци: Што се случува под мразот на Антарктикот?

Научниците забележаа морничави звуци на антарктичкото дно, а потоа спроведоа истражување за да дознаат зошто тие се создаваат.

Откако во 2014 година истражувачите поставија 34 сеизмички монитори во снегот, на врвот на најголемата замрзната покривка на Анарктикот инструментите забележаа речиси константни звуци на „зуење“.

Замрзнатата плоча која може да се спореди со големина на Тексас, отвори нов простор за истражување, па научниците се обидоа да објаснат зошто и како се појавуваат овие звуци.

Со оглед на тоа дека звукот не можеше да се забележи со човечко уво, научниците овие ниски фреквенции ги прилагодија за да можат да се слушнат со голо уво.

Експертите потоа ги објавија сознанијата, заедно со аудиофајлот на кој можеме да ги слушнеме „случувањата“ на антарктичкото дно.

Научниците кои проучуваат геолошки проблеми на леденото доба објаснија зошто настанува овој морничав звук.

Антарктикот се соочува со забрзано губење на маса, односно топење на мраз, кои делуваат како чепови кои ги спречуваат најголемите резерви со мраз на светот неограниченото да се слеваат во океанот.

Како што пишува Mashable, првобитната цел на истражувањето се однесуваше на следење на промените на споменатата ледена плоча под притисок, поради релативно топлиот воздух над површината и морската вода кој го исцрпува мразот одоздола, за да го најават историскиот раст на нивото на морето.

Се смета дека вибрациите се создаваат поради силните ветрови, односно дека токму тие влијаат на вибрирањето на мразот.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе