Научниците се загрижени од новите сознанија за океанското дно

Научниците од Универзитетот во Њукасл дошле до загрижувачко откритие за време на истражувањето на долината Челинџер Дип во Маријанската Бразда на дното на Тихиот Океан што се смета за најдлабоката точка на Земјата.

Тимот за прв пат нашол пластика во стомаците на морските животни на дното на океанот што значи дека веќе не постои дел од океанот до каде нема стигнато човечкиот отпад.

Секое суштество најдено на длабочина од 10.890 метри во океанот имало во својот организам барем некаква форма на вештачки материјал, вклучувајќи и најлон, PVC и PVA.

Доктор Алан Џејмисон, профеор по морска екологија и водач на научното истражување, вели дека резултатите се загрижувачки и дека мора итно да се преземат некакви мерки.

Тимот тестирал 90 видови членконоги морски животни во неколку ултрадлабоки бразди во Тихиот Океан: Маријанската брада, вулканската бразда Изу-Бонин, браздата Перу-Чиле, браздата Нови Хебриди и браздата Кермадек.

Во секоја од нив се најдени животни кои изеле некаква форма на вештачки влакна или пластика, од 50% кај Нови Хебриди до 100% во Маријанската Бразда.

„Ѓубрето што завршува во океаните стигнува до најдлабоките точки во нив, а штом еднаш ќе потонат на дното, остануваат таму. Тоа значи дека количината на пластика во браздите постојано расте, што многу нѐ загрижува. Ова е проблем од глобални размери“, вели Џејмисон.

Секоја година во океаните завршуваат повеќе од 8 милиони тони пластика и најлон. Научниците претпоставуваат дека во морињата моментално има околу 300 милиони тони пластичен отпад, а до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика од риби.

Поради загадување во моментов е загрозен опстанокот на повеќе од 600 животински видови ширум светот, поради што многу експерти овој период го нарекуваат шестиот масовен помор на Земјата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе