Наука

Научниците направија уште еден чекор напред кон третирањето на ХИВ

2. октомври 2019 - 11:09 | М.С.

Белгиските научници од болницата во Гент го открија скривалиштето на вирусот ХИВ, што претставува важен чекор во неговото искоренување, пренесува порталот Focus on Belgium.

ХИВ вирусот се крие во различни специфични ќелии од телото, така што може да биде под контрола на лекарите. Доколку пациентот прекине да зема ХИВ инхибитори, вирусот повторно може да се појави во тие ќелии и да предизвика негово размножување, наведуваат научниците од болницата во Гент.

Експертите сметаат дека ова откритие може да помогне во следното истражување на вирусот, додавајќи дека досега сметале дека се само ќелии на имунитетот кои активно се делат,  од кои, едни од нив се одговорни за рамножувањето на вирусот.

Ова размножување не е предизвикано само од еден орган или еден вид специфична клетка, туку од неколку видови на такви клетки во различни делови на телото, како што се крвта, лимфните јазли и цревното ткиво“, велат научниците.

Белгиските експерти додаваат дека на овој начин е добиена уште една битка против болеста која сега се смета за хронична, а не смртоносна, благодарение на новите видови на лечење кои сè уште се скапи, наведува белгискиот портал и додава дека научниците сè уште не ја добија битката против ХИВ кој предизвикува сида.

СИДА или синдром на стекнат имунолошки дефицит, претставува последниот стадиум на инфекција на ХИВ. Повеќе од 37 милиони луѓе во светот се инфицирани од овој вирус.