Ивана Дакиќ, натпреварувачка на синоќешното издание на хрватската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер“, стигна до 13. прашање и освои 18.000 евра, но запна на едно прашање од општа култура, па мораше да користи џокер.
Ивана е магистер по економија од Загреб која работи во ИТ секторот, а во слободното време сака да патува и посетила околу 80 земји низ светот.
Таа го искористи својот прв џокер на прашањето 9 кога повика пријател за помош. Меѓутоа, прашање од општа култура за 10.000 евра беше она на кое запна, па побара помош од публиката. Прашањето гласеше:
„Адам е првиот, а Ева е вториот. Кој бил третиот човек?“
Понудените одговори беа: а) Нод б) Сет в) Каин и г) Авел. Публиката гласаше 70 проценти за одговор в) Каин, што е точниот одговор.
Последниот „пола-пола“ џокер Ивана го искористи на следното прашање и успеа да освои 18.000 евра. На крајот го отвори и 13-тото прашање, но незнаејќи го со сигурност точниот одговор, не сакаше да ризикува и се откажа.