Ренди Чаверија, наставничка по домаќинство во средно училиште во Тексас, е обвинета за сексуална злоупотреба на свој ученик.
Ученикот пријавил дека во октомври годинава, наставничката во два наврати му пружила орален секс во училница во училиштето Round Rock High School.
Разменетите СМС пораки меѓу него и наставничката ги потврдиле неговите тврдења.
Чаверија во мај годинава беше прогласена за „најдобра наставничка во средно училиште на годината“. Во соопштението за нејзиното одликување стоеше дека „таа има домашно воспитување во кое се вреднува образованието, поради што таа развила страст кон педагогијата“.
По скандалот, училиштето ги информираше родителите дека нивната вработена веќе си дала отказ.
Подоцна Чаверија (36) се предала сама на властите и сега е во притвор под обвинение за недоличен однос меѓу ученик и наставник и за сексуална злоупотреба на малолетник.