Наполи го отпушти и Маѕари, замената доаѓа од Словачка

Низата лоши резултати доведе до тоа Наполи да се раздели со вториот тренер оваа сезона. Претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, реши да му врачи отказ на Валтер Маѕари.

Медиумите од Италија пренесуваат дека само се чека да се официјализира одлуката и дека веќе е одлучено кој ќе го замени Маѕари на клупата на тимот од Неапол. Станува збор за актуелниот селектор на репрезентацијата на Словачка, Франческо Калцона.

По заминувањето на Лучано Спалети, Наполи го доведе Руди Гарсиа. Сепак, Французинот не ги забележа посакуваните резултати и беше сменет веќе во ноември. Маѕари беше доведен како некој кој веќе има искуство на клупата на Наполи. Сепак, неговиот учинок беше уште полош, па актуелниот шампион продолжи да тоне во Серија А.

URL

Клубот од југот на Италија одамна се прости од одбраната на титулата, но сѐ уште не е доцна да го фати возот за учество во Лигата на шампионите следната сезона. Токму затоа го носи Франческо Калцона, кој не е непознат на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Калцона веќе работеше во клубот како асистент во стручниот штаб и под Лучано Спалети и под Маурицио Сари.

„Маѕари е семеен пријател и секогаш е болно да се отпушти пријател. Му се заблагодарив за неговата подготвеност да дојде и да ни помогне во момент на тешкотија. Сепак, на Наполи и на неговите навивачи секогаш им треба нешто повеќе. Сега мора да му дадеме простор и поддршка на Франческо Калцона, кој веќе соработуваше со нас во стручниот штаб и на Сари и на Спалети и познава 80% од оваа група“, рече претседателот Де Лаурентис за Sky Sport.

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Словачка ќе има можност до крајот на сезоната да заработи долгорочен договор. Првиот вистински тест ќе биде в среда кога Барселона ќе гостува во Неапол во рамките на Лигата на шампионите.

Интересно, Калцона паралелно ќе продолжи да ја води и Словачка, која ја однесе на ЕУРО 2024 на кое и ќе ја предводи. Всушност, СФЗ објави и дека ја продолжиле соработката до крајот на 2025 година, со можност за продолжување до летото 2026 доколку Словачка се квалификува на Мундијалот 2026.

Калцона има 55 години и е поранешен играч од средниот ред кој освен 3 настапи за Арецо во Серија Би, играл во подолните лиги. Пред да седне на клупата на Словачка во 2022 година долги години беше само асистент тренер, па Наполи му е прв голем клуб каде ќе треба да се покаже бидејќи самостојно ги има водено само нисколигашите Кастиљонезе и Торита, и тоа пред 20-ина години.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе