Највпечатливи моменти од Модната недела во Њујорк

Посетителите на Модната недела во Њујорк и оваа година не беа разочарани од тоа што го презентираа модните дизајнери. Покрај новите колекции на славните дизајнери, беа претставени различни комбинации на материјали, бои и дизајни инспирирани од секојдневието.

Модната недела во Њујорк почна во голем стил, со колекција на модната куќа Carolina Herrera за есен/зима 2020. Познат по исклучително женствените кроеви овој познат бренд и овој пат не ги разочара обожавателите.