Најубавите светски дестинации кои се преплавени од туристи

Развојот на туризмот, градовите како што се Венеција и Санторини ги направи да бидат многу популарни.

Евтините летови ви овозможуваат да заминете на патување каде што ќе посакате, а на посакуваната дестинација ќе пристигнете за многу кратко време. 

Сето ова звучи убаво, но кога ќе заминете на определеното место и ќе сфатите дека уште илјадници луѓе на ум ја имале оваа идеја, ќе се разочарате од тоа колку метеж има во градот.

Каде и да погледнете, се чека ред, не можете да се свртите од толпата луѓе и локалното население. Напливот на туристи стана огромен проблем за многу познати дестинации.

Венеција

Безброј приказни се напишани за Венеција и за нејзиниот проблем со напливот од туристи.

Според пишувањето на Deutsche Welle, локалното население се грижи дека градот ќе се претвори во Венецијаленд.

Чинкве Тере доживеа експлозија на популарност

За да го намалат бројот на туристите, локалните италијански власти ги замолија италијанските железнички компании да ги органичат своите линии кон Чинкве Тере.

Гувернерот предложи да се следат мобилните на туристите во тоа подрачје за да смислат подобра тактика во борба против напливот на туристи.

Фиренца ги казнува луѓето коишто јадат на улица или фрлаат ѓубре

Властите во овој град се против наплив на туристите и се борат со казните. Доколку полицијата ве фати како јадете на улица, покрај продавница или пред продавница, може да ве казни со казна од 500 евра.

Според CNN, Фиренца секоја година ја посетуваат околу 10 милиони туристи.

Ибица

Сонце, плажа, музика и многу, многу луѓе. Ова е најдобриот опис за Ибица.

Ибица е најдоброто место за забава, но туристите треба да знаат дека на оваа место живее и локалното население кое не сака да се журка 24/7. Тие протестираа неколку пати за да го решат овој проблем.

Санторини

Ова место е топ избор за инфуенсери. 

Жителите на Санторини се жалат дека туристите влијаат на нивниот квалитет на живот. Тие сметаат дека доколку сакате да го почувствувате вистинскиот дух на Грција, треба да го избегнете Санторини или секое место кое има аеродром, пишува Insider.

Серијата „Game of Thrones“ ги привлече туристите во Дубровник

За да се изборат со напливот на туристите, властите го ограничија бројот на бродови кои можат да го посетат овој град во текот на денот.

Времето ќе покаже дали оваа мерка е доволна за да ја намали плимата на посетители кои ги привлече популарната серија.

Амстердам

За да ги заштитат правата на работниците на Red Light District, забрането е шетање низ оваа зона.

Знакот кој стои пред оваа улица е отстранет, затоа што локалното население сметало дека баш тој знак привлекува голем број на туристи.

реклама

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе