Филм & ТВ

Најплатените актерки во Холивуд

9. мај 2018 - 13:26 | М.Д.

Британскиот „Independent“ ја состави листата од најголеми имиња во американската филмска индустрија, чии заработки ја надминуваат бројката од осум милиони долари.

Иако на врвот на листата на актери кои заработуваат најмногу во Холивуд преовладуваат мажи, како Даниел Крејг, Двејн Џонсон и Вин Дизел, на листата на најплатени се секако и бројни актерки кои со своите филмски проекти се издвојуваат во однос на поединечни актерки.

На првото место, кога станува збор за жените е американската актерка Ен Хатавеј, чија заработка за долго најавуваниот филм „Barbie“ (кој ќе го гледаме во 2020 година) се проценува на 15 милиони долари.

Веднаш зад неа следи помлада актерка, која веќе освои и Оскар, а станува збор за 27-годишната Џенифер Лоренс, која исто така заработи 15 милиони долари за улогата во драмата „Red Sparrow“, која моментално е на репертоарите во кино салите ширум светот.

На третото место, на листата по висина на заработка, се најде Сандра Булок.

Оваа актерка во 2015 година го позајмуваше гласот во филмот „Minions“ и за овој ангажман заработи 10 милиони долари.

Британската актерка Емили Блант, која публиката ја засака преку неколку филмски остварувањa, за својата најнова улога во филмот „Jungle Cruise“ ќе добие од 8 до 10 милиони долари.