Најнова информација: Симптомите на корона вирус се покажуваат за пет дена

Епидемијата на корона вирусот се шири, па навременото и точно информирање е од голема важност, како и почитувањето на сите мерки и препораки од здравствените власти.

Треба да поминат во просек пет дена за да се покажат првите симптоми на корона вирусот Covid-19, потврдија научниците.

Токму затоа се советуваат луѓето кои би можеле да се заразени, без разлика дали имаат симптоми или не, да се самоизолираат 14 дена.

Оние кај кои нема да се покажат симптоми до 12-тиот ден од потенцијалниот контакт со вирусот, најверојатно нема да покажат симптоми, но уште може да бидат преносители на вирусот.

Состојбата кај нас и во светот

Заклучно со вчерашниот ден, 9 март, повеќе од 110.000 луѓе се заразени во повеќе од 80 земји. Ширум светот има над 3.800 смртни случаи од корона вирусот, од кои околу 3.000 се во Кина, од каде почна ширењето на епидемијата. Околу 62.000 луѓе се излечени од Covid-19.

Во земјава се регистрирани вкупно седум случаи на корона вирус, откако вчера присуството на Covid-19 беше регистрирано кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, а подоцна Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти вчера попладне, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни.

Во домашна изолација се 64 здравствени работници од Клиниката за кожни болести и 24 пациенти од кои 11 биле хоспитализирани на Клиниката, а 13 се лекувале во Дневната болница. Клиниката ќе биде затворена 14 дена, а директорката ќе биде суспендирана, бидејќи не се пријавила кај службите дека се вратила од Италија. Се чекаат резултати од тестирање на коронавирусот за осум лица, кои немаат поврзаност со заболената директорка, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Како да се заштитите од корона вирусот?

Неправилното миење на рацете може да ви ги зголеми шансите од пренесување на вируси и бактерии.

Експертите потенцираат дека ако рацете не ви се добро измиени или исушени, така им помагате на бактериите и вирусите да се задржат на нив при контакт.

Основен услов за рацете да ви бидат доволно чисти е најмалку 20 секунди да се мијат со сапун. Тоа не го опфаќа времето на влажнење и плакнење на рацете.

Во време на епидемија со корона вирусот Covid-19, здравствените служби препорачуваат дека личната и колективната хигиена се основни во борбата против ширење на заразата.

Болеста се пренесува преку респираторните патишта (кивање и кашлање), но и преку допир со нечисти раце. Лекувањето е симптоматски, во зависност од манифестациите на болеста. Клиничката слика варира од лесна настинка до потешка форма, во зависност од зафаќањето на белите дробови.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Здравје

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more
 

Магазин

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Читај повеќе

Три начини како лесно да ги исчистите четките за шминкање

Читај повеќе