Најмирниот Аргентинец се побуни: Меси како Че Гевара во Барса

Ударот на Лионел Меси против управата на Барселона поради однесувањето на челниците на клубот во врска со радикалното намалување на платите на играчите предизвикано од кризата со пандемијата на Covid-19,  е главна тема во спортските медиуми и тоа не само во Шпанија.

Најмирниот Аргентинец стана најбунтовен

Најдобриот играч, капитен и легенда на Барса е огорчен на управата токму поради тоа што јавно ги притискаше играчите да се согласат на намалување на платите, иако тие во интерни преговори со водството на клубот рекле дека самите ќе го направат тоа и тоа со големо задоволство, не само со цел да се зачуваат работните места на персоналот во клубот, туку и за да не се намалат платите на овие вработени.

„Ние, фудбалерите на Барселона, не само што се согласуваме на намалување на платите од 70% додека во Шпанија трае вонредна состојба, туку и сме подготвени на понатамошни отстапки и откажувања за да останат вработените во клубот за време на кризата на работа и со плата во полн износ, без никакви кризни намалувања“, стои во соопштението на Меси.

„Свесни сме дека фудбалерите треба да го поднесат најголемиот товар на економската криза што го погоди клубот, но не ги разбираме потезите на клубот во оваа кризна состојба кои оставаат впечаток дека управата сакала да ја сврти јавноста против нас“, додаде Меси.

Меси во контраофанзива

Меси и неговите соиграчи станаа главна тема на спортските медиуми откако проструија информации од управата дека се врши притисок на играчите да се жртвуваат, додека ги прикажуваат како алчни и недоволно солидарни со останатите вработени во клубот. Меси не дозволи такво однесување.

Контраофанзивата што ја почна против управата на сопствениот клуб се смета за еден од најхрабрите потези во историјата на фудбалот и вистински пример за солидарност.

Неговата постапка толку ја одушеви редакцијата на француски L'Equipe што му беше посветена насловната страница на денешниот број.

На неа е претставен Меси, мирниот Аргентинец кој стана водач на бунтот во Барса, како најславниот бунтовен сонародник Ернесто Че Гевара, револуционерот кој стана културна поп-икона. „Лео Меси - Че во Барса“ гласи насловот за ефектната фотомонтажа на која ликот на Меси е вешто споен со препознатливата коса, брада и беретка на Че.

Како дојде до кризата во Барса?

Кризата во каталонскиот клуб почна откако минатата недела беше соопштено дека Барселона се пријавила за владината мерка во Шпанија со која на компаниите им се овозможува за време на кризата да ги намали платите на вработените до 70%. Оваа мерка според Законот за работни односи во Шпанија се спроведува еднострано, а Барселона ја соопшти пред да постигне договор со играчите.

Меси на тоа одговори во име на целата екипа: „Прифаќаме максимално намалување на платите, значи 70%, и исто така ветуваме дека ќе дадеме максимален придонес да се заштитат работните места и платите на останатите вработени во клубот.“

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе