Најконтроверзната лига во ММА: Натпреварувачки во долна облека
Во најпровокативната ММА лига настапуваат модели кои промовираат женска долна облека. LFC првенството е наменето исклучиво за дамите и претставува спој на женска убавина и безмилосна борба во ринг. Концептот на натпреварувањето е меѓу тенката линија на спортска забава и егзибиционизам.
За првпат е одржано во Лас Вегас во 2014 година. Борбите меѓу манекенки во долна облека набргу се забранети во Канзас, затоа што е оценето дека учесничките се премногу провокативно облечени.
Феминистките остро ја осудија лигата, додека заштитничките на женски права сметаат дека ваквите појави можат само да го зацврстат статусот на жените, пишува RT.