Најинтересните реклами од Супер Боул 2020

Рекламирањето на Супер Боул финалето на американскиот рагби настан чини 5,6 милиони долари за 30 секунди. Секоја година, маркетинг агентите се здружуваат за да ја покажат сета нивна креативност.

Во вчерашниот натпревар на стадионот Мајами гарденс, во Мајами, Флорида, тимот на Канзас Сити Шифс ги победи Сан Франциско Фортинајнерс со 31:20.

Но, она што го привлече вниманието беше и спектакуларниот настап на Џенифер Лопез и Шакира на полувремето, како и оригиналните реклами.