Најголеми емотивци и романтичари во зодијакот

Можете безусловно да им верувате, знаат да чуваат тајни, ги привлекуваат емотивни луѓе, сакаат без ограничување и запирање, безнадежни романтичари се.

Да, зборуваме за Рибите.

Врската со личност во овој хороскопски знак ќе ви биде исполнета со нежност и романтика, стои во астролошката анализа на Cosmopolitan за Рибите.

Ако сакате незаборавен прв состанок што ќе трае до долго во ноќта, а нема да забележите колку време поминало, Рибите се вашиот идеален партнер.

Не сакаат кратки врски, а уште помалку авантури за една ноќ.

Рибите се чувствителни, фантазери, но и мистични личности.

Благодарение на нивната неверојатна интуиција го предвидуваат вашето расположение и се прилагодуваат на условите само за да сте задоволни и среќни.

Рибите се пожртвувани и сочувствителни, и како пријатели и како партнери.

Астро-двојки

Личностите родени во знакот Риби имаат најголема компатибилност со следниве хороскопски знаци:

РИБИ – Имаат исти очекувања од љубовта, постојат еден за друг.

СКОРПИЈА – Водените знаци се емпатични, посветени и страсни. Одлично се разбираат, комуницираат на сосема друго ниво и поврзани се како ниту една друга астролошка љубовна комбинација.

ДЕВИЦА – Овие личности силно влијаат на Рибите. Овој астро-пар е доказ дека спротивностите се привлекуваат. Девиците се одлично приземјување за романтичарски настроените Риби и обратно.

Како да знаете дека му се допаѓате на некој роден во знакот Риби?

Рибите се исклучително емпатични, нивната мисија во животот е да им помагаат на другите, а сакаат психички силни личности на кои може да се потпрат и огледаат.

Ќе знаете дека личност родена во знакот Риби ви фрлила око – ќе ви го покаже тоа со некој романтичен гест. Очекувајте и срамежливи погледи, зацрвенети образи и комплименти секогаш кога е во ваша близина.

Како да ги освоите Рибите? Праќајте им слатки пораки, бидете искрени со нив, откријте им ги своите тајни, потрудете се да ги насмеете и секако – бидете романтични.

За да ги задржите, бидете доследни на ваквото однесување – Рибите нема да ви простат лажно претставување.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе