Најдоброто од Саемот во Франкфурт досега

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера го отвори меѓународниот Саем за автомобили во Франкфурт за јавноста и ги повика производителите да инвестираат повеќе во електрични возила.

Deutsche Welle објави дека недоверливоста и незаинтересираноста биле очигледни на отворањето на Саемот во Франкфурт.

Традиционалниот саем во Франкфурт лани привлече 1.000 изложувачи, но годинава таа бројка падна на 800, а настанот се одржува во помала хала.

Сепак, понудата е далеку од разочарувачка, а ова е најдоброто што посетителите го видоа досега на саемот што ќе трае до 22 септември.