Најдоброто од Модната недела во Милано

Поради стравот од корона вирусот и неговото ширење во Италија, познатиот италијански дизајнер Џорџо Армани одржа ревија на Модната недела во Милано без публика. Ревијата беше прикажана во живо онлајн.

Легендарниот дизајнер го откажа шоуто и го презакажа зад затворени врати. За првпат во 45-годишната кариера на Армани е откажано модно шоу од здравствени причини и јавен интерес.

Италија е европска земја со најмногу заболени од Covid-19 вирусот, а владата во таа земја презеде драстични мерки, десетина градови се целосно затворени. Во Венеција два дена порано е затворен карневалот.

Guardian ги одбра најдобрите моменти од Модната недела во Милано, по избор на модната уредничка Џо Џоунс.