Авто новости

Најдобрите спортски компакти доаѓаат од Германија, но кој е најбрз?

18. февруари 2020 - 19:28 | А.С.

Секоја чест на останатите, но најсилната понуда на спортски компакти е концентрирана во Германија.

Мет Вотсон и британски Carwow ги изведоа на стаза најјаките адути на германската автомобилска индустрија.

Понудата почнува со по малку заборавениот Golf R, кој уште добро се држи покрај подеднакво стариот Audi RS3.

Од другата страна исто така има опасни играчи: Mercedes AMG A45S со најјакиот 2.0-литарски четирицилиндарец, како и BMW M2 Competition, според многумина најдобриот М модел во понудата, но и многу повеќе од спортски компакт.

Автомобилот е толку добар што можеби ќе се прашате што бара во ова друштво, а за тоа зборува и значително повисоката цена од другите кандидати во оваа трка.

Колку за споредба, двојно е поскап од Golf R, но на влажна подлога сепак ќе има проблем со преносот на моќноста од над 400 коњски сили преку задните тркала. Останатите го немаат тој проблем.

Во летечкиот старт BMW сепак покажа „кој е газда“.