Стил

Најчудите барања на познатите личности на приватен авион

30. јуни 2016 - 15:13 | И.М.

Вистински богатите луѓе или поседуваат свој авион, или пак летаат со приватни авиони. Една ваква американска компанија, чии клиенти се најпознатите ѕвезди во светот, открива кои се најлудите барања што овие клиенти ги имаат направено на приватен авион.

- Еден клиент побарал цела внатрешност на авионот да биде исполнета со бели лилјани.

- Друго барање за исполнување на авион доаѓа од клиен што сакал многу ќесички чипс Doritos и шишенца сок од киви и јагоди.

- За еден лет, клиентот побарал сите прозорци да бидат дупло прекириени за во никој случај да не продре дневна светлина во авионот. 

- Една позната женска личност еднаш неделно зема авион, во кој патува со стилисти и дизајнери и десетици модни комбинации, кои ги пробува во авионот.

- Пар изнајмиле авион за 6-часовен лет, без дестинација. Со нив имале скапо шише вино, спа-третмани, светски познат готвач, маникир, педикир како и оперски пејач, кој им пеел еден час.

- Една позната личноста изнајмила авион од Њујорк до Јужна Флорида, за својот мобилен телефон.

- Друга позната личност изнајмила авион само за да и ги донесе ќесите до дома, после шопинг.

- Позната личност си донела со себе личен вкусувач на храна, кој го пробувал јадењето, пред неговиот клиент да го вкуси - за да осигура дека е по негов вкус.