Фит

Најчестите грешки при вежбање поради кои не постигнувате резултати

16. декември 2019 - 13:31 | М.С.

Доколку вежбате секојдневно, а не постигнувате резултати, треба да размислите каде грешите.

Овие грешки особено се однесуваат на жените кои се постари од 35 години, а кои се трудат да го постигнат посакуваниот изглед.

Доколку не го промените начинот на тренирање, нема да ги постигнете саканите резултати.

Кардио тренинг

Многумина сметаат дека кардио тренингот е добар за срцето, и тоа е вистина. Меѓутоа, кардио тренингот треба да се ограничи доколку сакате да ослабете. Доволно е да го практикувате ваквиот тип на тренинг три пати неделно.

Нискокалорична храна

Заборавете на диетите доколку вежбате. На телото му требаат протеини, масти и јаглехидрати доколку сакате да постигнете резултати.

Не пиете доволно вода

Телото константно губи вода за време на тренингот. Затоа, важно е да пиете повеќе вода за да се ослободите од непотребните масти, но исто така и за да имате енергија за вежбање.

Прекумерен внес на храна

Треба да јадете правилно. Се лажете доколку мислите дека може да јадете што сакате затоа што после тоа ќе заминете на тренинг.

Исто така, не треба да јадете најмалку половина час пред тренингот затоа што на храната ѝ е потребно време за да се преработи во организмот.

Истегнување

Задолжително истегнете го телото за да ги опуштите мускулите и да не чувствувате болка, како и да ја намалите можноста за повреди.

Секојдневен тренинг

На вашето тело му е потребно време за да се опорави и да одмори. Со секојдневниот тренинг го преморувате вашето тело, а на тој начин нема да ги постигнете очекуваните резултати.

Се препорачува да вежбате најмногу до пет дена во неделата.