Секоја сезона модната индустрија наметнува некои нови трендови, односно модни комбинации кои доминираат во вашите омилени продавници.
Оваа есен во мода е модел на фустан кој одговара на секој облик на тело.
Фустанот е едно од оние парчиња облека на кои секогаш им се враќаме, во зависност од тоа дали актуелните трендови ни одговарараат на нашиот стил и облик на тело.
Оваа сезона популарен е каскадниот модел во А линија со широк крој.
Моделот можеби не е многу женствен и можеби ќе добиете коментари дека ги криете облините. Можеби го „крие“ телото, но ја нагласува естетиката и нема да поминете незабележано.
Овој фустан функционира во дневни варијанти и ќе изгледа совршено во комбинација со тренди чизми и капут, а во вечерна варијанта со елегантни високи потпетици или високи чизми.