Над 3.500 автомобили изгореа во пожар на паркинг во Флорида
Во пожар на паркинг во Флорида изгореа над 3.500 автомобили за изнајмување. Пожарот изби во петокот на земјиште близу аеродром, а огинот брзо се прошири благодарение на топлото време.
Како што пренесуваат локалните медиуми, од над 7.000 автомобили паркирани на тревникот изгореле повеќе од 3.500, додека 3.800 се спасени така што се препаркирани пред огнената стихија да достигне до нив.
Не е позната причината за пожарот, а за среќа нема повредени. Во гаснењето на пожарот учествувале и хеликоптери. Пожарот е изгаснат дури следниот ден, во саботата.