На мароканскиот брег откриени човечки стапки стари 90.000 години

Пред 90 илјади години луѓето шетале по песочните плажи на локацијата на градот Лараш на северозападниот брег на Мароко и оставиле траги кои преживеале до денес.

Археолозите тврдат дека тоа се едни од најстарите човечки траги досега забележани. Добро се сочувани и се верува дека се оставени од раниот Homo sapiens и нудат редок и непроценлив увид во животот на нашите предци.

Археолозите до ова откритие дошле додека ги анализирале камењата во близина на океанот. Трагите втиснати во песокот го издржале тестот на времето и минливоста на таквите археолошки локалитети. Реткоста го зголемува значењето на откритието.

Додека го прегледувале чакалот во близина на морскиот брег, случајно наишле на вдлабнатина во блискиот дел од песокта. По деталниот преглед, станало очигледно дека станува збор за човечки стапалки. На брегот биле идентификувани вкупно 85 добро сочувани фосилизирани траги.

Користејќи модерни техники на оптички стимулирана луминисценција, истражувачите открија дека отпечатоците биле зачувани илјадници години. Оваа најсовремена техника ја открива староста на стапалките со мерење на времето откако седиментот последен пат бил изложен на сончева светлина. Со анализа на отпечатоците, тимот утврдил дека тие се создадени во доцниот плеистоцен, односно пред околу 90.000 години. Исто така, откриено било дека отпечатоците ги направиле најмалку пет лица, вклучувајќи деца, адолесценти и возрасни.

Еден особено впечатлив детал е откривањето на стапалата на екстремно висок возрасен човек, кој бил висок 189 см, што е исклучителна висина за праисториските луѓе.

Локација на градот Лараш

Понатамошното испитување на овие фосилизирани отпечатоци може да фрли светлина на различни аспекти, вклучувајќи го растот, возраста, телесната маса, брзината на одење и социјалното однесување на луѓето.

Иако фосилизирани остатоци од коски беа откриени во Африка на планинско место познато како Жебел Ирхуд, немаш такви докази во регионот Лараш.

Присуството на 85 стапалки е уште поизненадувачки ако се земе предвид дека повеќето археолошки локалитети од овој тип содржат помалку од неколку десетици отпечатоци. Наодите во регионот Лараш додаваат ново поглавје во разбирањето на раната човечка миграција и населување.

Научниците веруваат дека отпечатоците се зачувани илјадници години поради различни фактори, кои вклучуваат локација, состав на седимент, положба на плажата во близина на морето, плимата и осеката и други настани.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе