Архитектура

На Мајорка отворен хотел наменет само за жени

28. септември 2019 - 15:29 | М.С.

Во хотелот „Сом Дона“, кој е отворен во близина на Порто Кристо, добредојдени се само жени, почнувајќи од возраст на 14 години, па нагоре.

Овој хотел со 4 звездички има вкупно 39 соби, спа центар, библиотека и тераса на кровот.

Нуди простор за жени кои сакаат да побегнат од стресот во секојдневниот живот.

Во хотелот се нудат и услуги како што се масажи, козметички третмани и солариум. На менито се понудени врвна и разновидни јадења, како и здрава храна.