На денешен ден пред 18 години: Нападот на кулите-близначки во Њујорк

Пред точно 18 години Ал-Каеда го изврши најголемиот терористички напад во историјата откако киднапирани авиони се удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк.

Вкупно четири авиони беа киднапирани, два завршија во Њујорк, еден во Пентагон, а еден се урна во поле откако патниците ги совладале киднаперите. Вкупно загинаа 3.466 луѓе од кои 2.606 во Светскиот трговски центар, 265 патници и екипаж во киднапираните авиони, 125 во Пентагон. При спасувачката мисија настрадаа и 343 пожарникари, 72 полицајци и 55 војници. Загинаа и сите 19 киднапери.

При уривањето на кулите-близначки паднаа и две соседни згради, а уште три беа тешко оштетени. Како одговор на нападите САД ја започнаа Војната против тероризмот со инвазија на Авганистан, а потоа и на Ирак.