УЕФА ЕУРО 2020

Мурињо: Често играчи кои треба да шутираат пенал бегаат од одговорноста

Познатиот португалски стратег Жозе Мурињо откри дека еден од играчите на Англија одбил да шутира пенал на Мундијалот во Русија и затоа не бил повикан за ова ЕУРО и оттаму претпоставува дека и сега имало таква ситуација.

За време на Европското првенство Мурињо беше стручен соработник на TalkSport, а по финалето истакна дека му е жал за Букајо Сака кој го промаши пеналот и со тоа на Италија ѝ ја донесе титулата европски шампион.

„Често се случува играчи кои треба да шутираат, не шутираат. Често се случува играчи да бегаат од одговорност. Бидејќи мислам дека Гарет е многу искрена личност и е тренер кој е многу заштитнички настроен кон своите играчи, не верувам дека некогаш ќе открие дали овој или оној играч одбиле, се сокриле, или рекле дека не се подготвени“, додаде тој.

„Не ме прашувајте за кој играч станува збор, затоа што нема да ви кажам, но ми потврдија 100% дека еден играч кој би можел да е во овој тим, но не е, а една од причините е што на Мундијалот требало да шутира пенал, но одбил“, вели Мурињо.

Од неговите зборови може да се сфати дека веројатно станува збор за Џеси Лингард. На Мундијалот во Русија Англија играше на пенали против Колумбија и победи со 4:3, а Лингард е единствениот кој тогаш беше во игра, не шутираше, а беше блиску до составот за ова ЕУРО. Од останатите двајца, кои според зборовите на Мурињо може да бидат кандидати, Џејми Варди се повлече од репрезентацијата после Мундијалот, додека Дени Роуз нема настап за Англија уште од 2019 година.

„Во вакви ситуации не е важно дали некој е добар изведувач на пенали или не. Каде беше Стерлинг? Каде беше Стоунс? Лук Шо? Зошто Хендерсон и Вокер не останаа на теренот? Бидејчи многу е за Рашфорд и Санчо по еден допир на топката да шутираат пенал. Но, премногу е Сака да ја има судбината на нацијата на неговиот грб. Кутриот Сака, многу ми е жал“, рече новиот тренер на Рома.

Remote video URL

Откако резултатот беше 1:1 и по 120 минути игра, следуваше изведување на пенали, а Италијанците славеа со 3:2 откако Англичаните промашија три удари.

Одговорноста да го шитура одлучувачкиот пенал падна взр 19-годишниот Букајо Сака за кого финалето беше само 9-ти натпреварот во репрезентативниот дрес.

реклама

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе