Мукоски: За несвесната грешка на 27 април си го одлежав своето

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) –  За несвесната грешка на 27 април си го одлежав своето. Жал ми е што вие не одговарате, рече пратеникот Крсто Муковски од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во дебатата за законот за јавно обвинителство го критикуваше за собраниските настани од 27 април, забележувајќи и дека СДСМ претходно ја обвиниле фирмата на Мукоски за криминал, а денес тоа не е случај.

– Што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора. Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе коишто ги упатуваа горе луѓето да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок којшто во моментов е во бегство, не барајте го Љубен Арнаудов, качете се горе, целта е Заев, наведе Мукоски.

Многу ми е жал, рече Мукоски, за партијата ВМРО-ДПМНЕ која што вие не можете да ја присвоите пред мене бидејќи можеби и пред вас сум член во таа партија. – Но, жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ денес е заложник на двајца, тројца криминалци како вас и се претвори во партија од примерот на Златна Зора во Грција или радикалите на Шешељ. Тоа не беше фундаментот или основата на ВМРО-ДПМНЕ од самото основање на партијата. Патот на ВМРО-ДПМНЕ е патот кон евроатлантските структури, рече Мукоски.

Тој истакна и дека не очекувал Милошоски така да ја почне денешната дебата, оценувајќи ги неговите денешни тврдења како типичен пример на уплашен човек, криминалец којшто знае дека еден ден треба да одговара пред законите на оваа држава.

Во однос на фирмата за која го прозива Милошоски посочи дека инспекциите и Управата за јавни приходи  иако вршеле контроли не нашле ништо.

– Кога зборувате за фирмата Атриум да ви кажам неколку збора. Таа фирма постои од 1974 година кога што сум роден јас. Работела во Словенија до 1990 година до распадот на Југославија. Земала тендери во многу власти во оваа држава и ќе зема тендери на легален и законит начин. Тоа што го спомнавте кога СДСМ дојде на власт, да точно е, обвинуваа, меѓутоа фирмата ја тресеа шест месеци и УЈП и финансова полиција и сите можни инспекции и не најдоа ништо. И денес ве молам на ова обвинение да го пријавите овој случај повторно нека дојдат да испрашуваат.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе