„Мугер Фугер“ го промовираат новиот албум на 23 мај

Култниот македонски бенд „Мугер Фугер“ на 23 мај, 2018 година ќе го промовира десеттиот, јубилеен, студиски албум насловен „Татко“, на платото пред МКЦ, со почеток во 21 часот.

Албумот „Татко“ содржи 10 песни, а се снимаше и миксаше во студио „Тра Ла Ла“, со продуцентот Мите Димовски.

На албумот работеа Сеад Хаџиќ – Сецко (гитара, мандочело), Огнен Мангаровски (синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара), Сашо Митревски (гитара), Никола Кузмановски (бас гитара), Огнен Златанов (гитара), Џано Куч (тапани и перкусии), како и Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов, Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини и Џабир Дерала (вокали).

„Смислата на постоењето е тесно врзана во татковството бидејќи така се надживуваш себе си и на тој начин го продолжуваш твоето постоење. Јас во еден кус период станав татко и го изгубив својот татко, па на овој начин сакав да ја возвратам големата љубов која ја добивав“, изјави за Кајгана фронтменот Сецко во врска со инспирацијата за насловот на албумот.

Вечерта ќе ја отвори дуото Мухамед Ибрахими и Ратко Даутовски.

Новиот албум „Татко“ ќе може да се набави на промоцијата каде влезот е слободен.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе