Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцински, вечерва ја одржа првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по прекинот на молкот.
„Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат. Отворениот повик за бојкот од ДУИ не успеа, елитите на власта се поразени од народот. Но, денешниот ден на површина ги изваде сите игри на власта. Практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува криза и преку бојкот на претседателските избори практично да се факторизира. Добрата вест е што ДУИ изгури дупло. Бојкотот им е неуспешен, ДУИ оди во опозиција. Народот денеска излегуваше на избори за да си ја врати Македонија. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци се обединија и гласаа за да си ја вратат контролата врз системот која ја немаат, да се нормализира државата, која наместо на елитите, му припаѓа на народот“, рече Муцунски.