Мрачната страна на Дубаи: Што се крие зад богатството и гламурот?

Дубаи е познат како еден од најгламурозните и најбогатите градови на светот. Полн со екстравагантни градби, скапи автомобили, луд ноќен живот и луксузни јахти.

Сепак, за разлика од сликата на овој „рајски дворец“, која и се сервира на туристите, постои и поинаква страна на Дубаи, која е далеку од гламурозна.

Работниците поминуваат дневно 14 часа на 40 степени Целзиусови

Дубаи е град кој се развива со брзина на светлината, а за тие преубави згради да бидат изградени, потребни се и работници кои работат во многу тешки услови – 14 часа дневно на температура поголема од 40 степени. Несреќи и здравствени проблеми се секојдневна појава, а чести се и смртни случаи, но тоа успешно се прикрива од јавноста.

Можете да завршите во затвор поради бакнување во јавност

Иако Дубаи е претставен како модерен и либерален град, поголемиот дел од населението е од муслиманска вероисповед, што значи дека многу се држи до религијата. Бакнувањето на јавни места е строго забрането под закана со затвор, а дури и држењето за рака на улица може да ви донесе голема парична казна. Туристите не се исклучок од ова правило, а вонбрачните сексуални односи во Обединетите Арапски Емирати се илегални, па за посетителите тоа е голем ризик.

Трговија со луѓе

Иако толку строго се оценува и така невина работа како бакнувањето, во вечерните часови ситуацијата значително се менува. Во Дубаи постојат повеќе од 30.000 проститутки, а просечната цена им е 500 долари од час. Во однос на тоа дека арапските моќници одлично заработуваат на проституција, таа прикриено се поттикнува, а белото робје е далеку од ретка појава на која полицијата не обрнува внимание.

Расизам

Иако живееме во 21 век и расизмот е нешто што во поголемиот дел од светот е законски регулирано, во Дубаи работите не се во склоп со тие закони. Таму вредите само толку колку што вреди вашиот пасош. Европејците и Американците, на пример, заработуваат речиси двојно повеќе од луѓето од земјите од Третиот свет работејќи иста работа за иста компанија. Еднаквоста е таму поим кој не постои во реалноста.

Работа на робови

Во Дубаи ропството е се уште присутна категорија. Секако, не станува збор за отворено робовладетелство, туку нешто навидум легално со работници од земји како Индија, Пакистан или Кина. Тие работат прекувремено за многу мала плата, а немаат право да се побунат, бидејќи се случува компанијата за која работат по влегувањето во државата да им го одзеде пасошот. Сместувањето и условите во кои работат се во блага форма ужасни, а платата им изнесува околу сто долари месечно.

Слобода на говор не постои

Условите не се строги само за државјаните, туку и за доселениците, кои во Дубаи ги има околу 80 отсто. Ако во јавност изнесете мислење кое не се согласува со политиката на лидерите, ќе ве повика нивната тајна полиција која ќе ви понуди две опции: Да молчите или се што имате да ви биде одземено. За доселениците состојбата е уште полоша земајќи ги во предвид комплицираните процедури на стекнување на државјанство, па постои и опасност да ве депортираат од државата без разлика на тоа колку долго сте живееле таму.

Уништување на околината

Дубаи забрзано се развива и нови комплекси на згради никнуваат речиси преку ноќ. Секое градилиште произведува тони ѓубре, канализациски и хемиски отпад. Системите за отстранување на отпад не можат да го следат забрзаното темпо на производство, а целото тоа ѓубре најчесто се фрла во море.

Вода за пиење

Во однос на тоа дека се наоѓа во пустина, Дубаи целата вода за пиење мора да ја увезува. Знаејќи дека се прилично богата земја, тоа не го сметаат за толку голем проблем, но трошењето на водата е вистинско лудило. На пример, за големиот број на голф терени потребни се 15 милиони литри вода на ден само за терените да останат зелени. Додека во остатокот на светот владее голем недостаток за вода за пиење и некои луѓе буквално умираат од жед, ароганцијата на Дубаи се гледа токму во тој брутален став кон водата за пиење.

Кога ќе се исцрпи целата нафта им следува пропаст

Најразвиена гранка на сите земји од Блискиот исток е токму пронаоѓањето на нафта. Сепак, експертите велат дека количината на нафта драстично ќе се намали во следните 20 години, а тогаш цената ќе биде толкава што човештвото ќе биде принудено да го сврти своето внимание и на другите извори на енергија. Возможно е тогаш Дубаи поради огромните трошоци и раскошниот начин на живот да биде соочен со голема сиромаштија.

Заробување на дивите животни

Скапоцените автомобили и раскошните вили на најбогатите жители на Дубаи веќе не се доволни. Најнов тренд на демонстрирање на богатството е поседување на некои егзотични диви животни, кои ги чуваат како домашни миленици. Обично станува збор за диви мачки, тигри, пантери или лавови, а нивните сопственици плаќаат тренери и дресери за нив.

Сообраќајни несреќи

Постои мислење дека Дубаи е најлошиот град на светот кога станува збор за сообраќајот. Лесно е да заборавите на ограничувањата ако возите Ламбурџини вреден пола милион долари, а сообраќајните несреќи се една од најчестите причини за смрт во Дубаи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе