МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера

Скопје, 22 април 2019 (МИА) – Првиот круг од претседателските избори помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности што не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи. Ова е прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ.

– Изборната кампања помина во генерално релаксирана атмосфера. Првпат не беа регистрирани инциденти кои влијаеја на атмосферата во која се спроведе кампањата, што е за поздравување. Кампањата се одликуваше со зголемен број непосредни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања од врата до врата, вклучително и во руралните средини. Регистрирани беа само неколку случаи на негативна кампања и присуство на малолетници на митинзите. Првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор, рече на денешната прес-конференција извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

МОСТ го поздравува објавувањето на регистарот на службени возила од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи, како што рече, беше од помош на медиумите и набљудувачите да следат и идентификуваат потенцијална злоупотреба на службените возила за потребите на изборната кампања.

ДКСК постапи по 13 приговори поднесени од ВМРО-ДПМНЕ во однос на потенцијална злоупотреба на државните ресурси, при што прифати три од нив. Позитивно се оценува ваквото постапување на ДКСК кое, како како што рече, придонесе за поголема ажурност и на останатите институции, но сепак треба да се нагласи дека одлуките треба да се носат во согласност со одредбите во Изборен законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, што беше потврдено и со постапувањето по тужбите од страна на Управниот суд.

МОСТ ја повторува својата препорака дека во најскоро време надлежните институции треба да ги отстранат долгогодишните системски проблеми во водењето и ажурирањето на Избирачкиот список.

– ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера и сите одлуки ги донесе едногласно. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека сите седници беа јавни, со забелешка за доцнењето со објавувањето на неколку записници од седниците на Интернет. Позитивно се оценува проактивноста на ДИК и нејзините заложби за подобрување на работата на изборната администрација, овојпат преку подготовка на посебни прирачници за подготовка на обрасците, како и подготовката на Упатство за работата на ОИК и ИО, што беше една од долгогодишните препораки на МОСТ. Сепак, што се однесува до обуката на изборната администрација, забележани беа извесни пропусти во прирачникот за едукација, како и во видео-прирачникот, рече Алексов.

МОСТ го набљудувал спроведувањето на гласањето на 433 пријавени болни и немоќни лица на 92 избирачки места. Според нив, во мал дел од случаите не била почитувана тајноста на гласањето, односно во моментот на гласање имало присутни лица во просторијата каде се гласало. Гласањето на лицата во затвор, исто така поминало во најдобар ред, освен што 232 лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список поради неажурирани лични документи. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе