Моќта на окото: Фотографка прави неверојатни автопортрети со животни
Во нејзината привлечна серија фотографии Animeyed, уметничката со седиште во Будимпешта, Флора Борси, ја комбинира уметноста на автопортретот со забавна несекојдневност што ја претвора секоја слика во уметничко дело.
Идејата за Animeyed се појавила кога Флора се обидела да направи селфи со нејзиното куче. Забележала дека дека окото на кучето изгледа исто како и нејзиното. Оваа единствена фотографија беше инспирација за изработката на нејзината серија Animeyed во која се потруди да најде совршени суштества за комплетирање на нејзината серија со фотографии.