Моќни фотографии кои покажуваат како Токио изгледа одозгора

Токио е централно место за јапонската политика, економија, култура и образование, а воедно е и бизнис центар за источниот дел од Азија. Оние коишто го посетиле, велат дека лесно може да се вљубите во овој град.

Овој град со популација од 35 милиони жители е основан во 12 век под името Едо. Зборот Токио значи „источен град“ и е еден од градовите со најмногу жители во светот.

Фотографот Давид Сасо, инспириран од убавината на Токио, го фотографирал градот одозгора.

Bored Panda направи избор од најдобрите фотографии од неговиот проект „Tokyo Dream Distance“. Погледнете ја галеријата.