Стил

Модни совети за ниски жени: Tрикови за издолжување на фигурата

8. ноември 2019 - 17:41 | М.С.

На ниските жени им е потешко да изгледаат послабо за разлика од високите жени, но тоа можат да го постигнат со помош на соодветна гардероба.

Со помош на облеката може да ги истакнете атрибутите, но и да изгледате повисоки. Кон кои модни правила треба да се придржувате?

Првото правило е да ги избегнувате широките здолништа направени од мек материјал. Овој тип на здолништа прави да изгледате пониски.

Шпиц чевли

Без разлика дали имаат висока потпетица или не, овој вид чевли визуелно ги издолжуваат нозете. Чевлите нека бидат во иста боја како панталоните.

Облека во иста боја

Доколку облечете панталони и ролка во иста боја, визуелно изгледате повисоки затоа што оваа комбинација го издолжува телото.

Панталони со висок струк

Овој вид на панталони и фармерки ја издолжуваат силуетата и додаваат сантиметри на вашата фигура. Исто така, препорачливо е да избегнувате ремени, бидејќи го „скратуваат“ вашето тело.