Модата на Critics’ Choice Awards 2020

Критичарите ги избраа најдобрите во филмската индустрија за изминатава година. Во Лос Анџелес се одржа манифестацијата Critics’ Choice Awards, која привлече плејада холивудски ѕвезди. „Once Upon a Time ... in Hollywood“ е најдобар филм за 2019 според критичарите.

Дамите привлекоа внимание со нивниот изглед. Џенифер Лопез, прекрасна како и секогаш, се појави во тоалета која совршено ѝ прилега на нејзиниот облик на телото, а пак Никол Кидман носеше елегантен долг, црн фустан. Ен Хатавеј мамеше воздишки со широкото деколте облечена во златен фустан.

Погледнете ја галеријата за да видите како изгледаа дел од актерките.