МНТ слави 75 години: Сцената за првпат е празна

Македонскиот народен театар по повод роденденот им честита и им се заблагодарува на сите уметници – доајени, некогашни и сегашни вработени и љубители на театарот кои придонеле во неговиот развој во изминатите 75 години зашто сите заедно, како што наведува во честитката, направиле театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика.

-Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост. Иако првпат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање нови претстави, проекти, изложби, соопшти МНТ по повод 75-годишнината.

Во честитката додава дека театарот отсекогаш бил во нивните срца и мисли и поради тоа, на сите кои  биле и се дел од МНТ на кој било начин, на овој ден сака да им заблагодари за пожртвуваноста и да им оддаде почит.

-Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате се од себе. Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инженерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива, стои во честитката по повод 75 гидини на МНТ.

Македонскиот народен театар на 3 април го одбележува роденденот зашто на овој датум во 1945 година е изведена неговата прва премиера  – претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе