СЕРИЈА А 2023/2024

Мхитарјан: Нашата цел е јасна - втора ѕвездичка

Филип Здравески
/ 04.01.2024 / 11:44

Ерменецот во редовите на Интер има јасна цел за сезонава, а тоа е освојување на Скудетото. Најголем конкурент на патот до него гледа во Јувентус.

Хенрих Мхитарјан не крие за што игра сезонава. Неговиот тим е лидер во Серија А и на сите им е јасно дека атакува на Скудетото, иако од таборот на „Нераѕурите“ тоа јавно не го кажуваат. Поранешниот ерменски репрезентативец токму тоа го направи.

„Од Јуве велат дека нивната цел е четвртото место. Станува збор за стратегија. Тие всушност целат на титулата, но сакаат притисокот да го префрлат на нас. А, за нас целта е јасна: втора ѕвездичка“, рече тој говорејќи за La Gazzetta dello Sport.

Интер досега има 19 освоени титули шампион на Италија, а му треба уште само една за на дресовите да може да ја стави втората ѕвездичка. Јуве има 36 титули и затоа има три ѕвездички. Ѕвездичка има уште само Милан, исто една бидејќи и тој има 19 титули. Никој друг нема ѕвездичка, а најблиску е Џеноа со 9 титули, па Торино, Болоња и Про Верчели со по 7. Ѕвездичка се доделува на секои 10 освоени титули.

По 18 кола во калчото лидер е Интер со 45 бодови, два повеќе од Јувнетус, кој се чини му е единствен конкурент со оглед на тоа што третопласираниот Милан заостанува 9 бода.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Фудбал

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Read more

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе