Мислеле им влегол крадец, а низ куќа им се шетал јарец

Во еден дом во Охајо безбедносната камера го уловила натпрапникот кој провалил, се прошетал и отспал пред да биде фатен.

Интересниот настан се случил во малото место Саливен во американската сојузна држава Охајо. Џенифер Китли примила повик од нејзиниот син дека во куќата е влезен крадец кој подоцна синот го фатил како спие во бањата.

Не бил крадец, само натрапник и тоа јарец.