Свет

Михаил Мишустин е новиот премиер на Русија

16. јануари 2020 - 14:16 | МИА

Москва, 16 јануари 2020 (МИА) – Рускиот Парламент денеска го изгласа Михаил Мишустин за премиер на Русија.

Путин го назначи вчера Михаил Мишустин, малку познат шеф на руската даночна администрација, за нов премиер.

Михаил Владимирович Мишустин е економски политичар, кој од 2010 година ја извршува функцијата шеф на Федералната даночна служба.

Роден е на 3 март 1966 година и дипломирал на Московскиот универзитет за машинство каде ги завршил постдипломските студии. Во 1998 година, тој се приклучи на државната служба како асистент за системите за сметководство и информации за плаќање данок во Сојузната даночна служба.

Потоа работел како заменик министер на Руската Федерација за даноци и такси, раководител на Федералната агенција за катастар и недвижнини под Министерството за економски развој, раководител на Федералната агенција за управување со посебни економски зони.

Тој е автор на три книги за даночна администрација и 40 научни текстови.

Мишустин беше еден од иницијаторите за отворање на Државното високо економско училиште, Институт за економија на недвижнини и во 2008 година поднесе оставка во јавниот сервис за да работи две години во партнерите во УФГ Капитал.

Во април 2010 година е именуван за директор на Федералната даночна служба.

Во биографијата на Мишустин се наведува дека е оженет, има три сина, заинтересиран е за спорт и игра хокеј. Тој е член на Надзорниот одбор на хокејарскиот клуб ЦСКА од Москва.