Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи никакво пазарење со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека нема намера да поддржи никаков пазар во однос на разговорите со Бугарија.

Според него, ако власта имала чесна намера да ја вклучи опозицијата во процесот, најпрво требала да го сподели со неа прашалникот 5+1 и да разговара сериозно.

- Очигледно има некој пазар позади завесата и затоа ВМРО-ДПМНЕ, односно идната влада, таков пазар, скриен зад очите на јавноста, нема намера да поддржи. Ова е порака до Петков, до Радев и до сите што го фасилитираат тој процес, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Ѓорче Петров.

Мицкоски нагласи дека преговарачките позиции се подриваат со тоа што се лицитира со идентитетот на македонскиот народ и со идентитетот на државата.

- Преговарачките позиции се подриваат со тоа што Артан Груби, Бујар Османи и Али Ахмети лицитираат со промена на Уставот, а тоа го потврдува администраторот Ковачевски, слепиот следбеник на заевизмот. Така се подриваат преговарачките позиции, а со барање да се поддржи декларација за Гоце Делчев, не само што се зацврстуваат, туку и уште повеќе се дава тежина на тие преговарачи кои се на маса и преговараат. Затоа понудив единство, да застанеме сите заедно во одбрана на македонските национални интререси – зашто на народот му е преку глава од корумпирани политичари кои се богатат на сметка на идентитетот на народот и градат политички кариери. Не треба само да климате со глава додека ги газите црвените дебели килими каде и да одите надвор од Македонија, туку да седнете со граѓаните и да ги прашате што им недостасува, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За него, ова не е циркуска атракција, туку исклучително сериозно прашање кое ги засега и државата и народот.

- Ова не е циркуска атракција па преку медиуми или соопштенија да се каниме на средби или да кажуваме кој кого побарал на краток телефонски разговор. Се седнува на маса и се разговара ако има вистинска волја. Ние сме тука, нудиме помош за национално единство, повтори Мицкоски. 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Македонија

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more
 

Вести

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе