Мицкоски: Јасно е кој е главата на „Рекет“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет“ денеска на прес-конференција истакна дека обвинителството треба да постапува според словото на законите и вистинските обвинети во случајот да бидат изведени пред лицето на правдата.

– Сега е јасно зошто текстот на законот за јавно обвинителство требаше да биде таков каков што е, така што немам навистина што да додадам, освен тоа еве да апелирам до надлежните органи за транспарентна и целосна постапка поврзана со случајот „Рекет“ без разлика дали во тие ПИ мерки влегол братот, дали влегол другиот брат, дали влегол братучедот или некој друг, изјави Мицкоски

Во „Рекет“, според него, ситуацијата е јасна како ден и оти се знае кој е октоподот сега и која е главата на октоподот.

– Не треба ние воопшто и да размислуваме ниту да одгонетнуваме ребуси. Јасно е што подразбира окотоподот наречен „Рекет“ во случајов, кој е главата на тој октопод. За жал го видовме вчера на повишен тон како бара правда во нашата држава, претпоставувам бара нова амнестија. Многу е јасно и на тие ПИ мерки, ова рекетирање станало семејна забава, па, гледаме не само Зоран Заев туку и неговиот брат се состанувал со еден од осомничените и осуден во овој случај. Сигурно не разговарале за романи и каква било поезија. Претпоставувам дека тема на разговорот биле бизнис интереси или бизнис зделки меѓу кои неминовна тема била сигурно и случајот „Рекет“, рече Мицкоски.

Заев, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, неколку пати досега кажал дека се оградува за на крај, како што кажа, „да видиме дека притвореничката Јанева одела во резиденцијата на претседателот на Владата“.

– Сигурно таму не се среќавала со некои од обезбедувањето, претпоставувам се среќавала со Зоран Заев, претпоставувам дека тема на муабетот биле разговори поврзани со случаите во Специјалното јавно обвинителство. Истовремено гледаме како веќе овој осудениот, кој што призна вина, одел во Владата, а претходно Зоран Заев ако се сеќавате рече дека само еднаш се сретнал со тоа лице, кога овој му носел инвеститори во владата, а гледаме дека таму на задниот влез влегол сам без да биде придружуван од било какви инвеститори, рече Мицкоски.

Секој оној обвинител кој сака да работи според законите и кој што сака да го приведе овој случај до крај, според него, „се знае кој овде е главниот организатор, инспиратор, сценарист на целиот случај поврзан и наречен „Рекет“.

Во врска со законот за јавно обвинителство, Мицкоски повтори дека правниот тим на партијата ја анализира целокупната постапка од правен аспект и кога ќе биде завршена анализата, констатирани недоследностите и аномалиите ќе постапиме соодветно на препораките.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе