МК сцена

„Ми се води љубов“ на „Фолтин“ доби видеоспот

7. февруари 2020 - 18:30 | АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА

Песната „Ми се води љубов“ од најновиот албум на Фолтин МОМÓМА, издаден во април 2019 година, доби видеозапис кој деновиве беше објавен на YouTube.

Автори на песната се „Фолтин“ во состав: Бранислав Николов (вокал), Пеце Трајковски-Брада (гитара и сајзер), Гоце Јованоски (бас), Славчо Јовев (тапани), Пеце Николовски (кларинет и усна хармоника), а гостин на песната е Петар Димитровски на клавијатури.

Режијата и монтажата на видеоспотот се на Милена Витман, а кинематографер е Владимир Димоски.

Танчарката Зарина Рондон од Венецуела ја има главната улога во спотот што се снимаше во декември, 2019 година во Барселона.

„Фолтин“ закажаа целовечерен концерт на 14 февруари во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

МКЦ го најави настанот на социјалните мрежи, каде соопшти дека почетокот е закажан за во 22 часот, а пред концертот атмосферата ќе ја загреваат Андреј мицејков, Игор Спироски и Бојан Чакра со музички селекции на винил.

Почната е претпродажба на влезници по цена од 250 денари на билетарата на МКЦ и онлајн на следниот линк: https://bileti.mkc.mk.

На самиот влез на настанот цената на влезниците ќе изнесува 350 денари.